Хроника Двајца повредени при експлозија на неисправна плинска инсталација на автомобил

Двајца повредени при експлозија на неисправна плинска инсталација на автомобил

Две лица се повредени ори експлозија на плин, соопшти МВР. Експлозијата настанала поради невнимание при замена на цевка за плин, монтирање и демонтирање на плинска боца на патничко возлило.

Повредените биле во каналот под возилото кога дошло до експлозијата од која што внатрешноста на возилото целосна изгорела, а двајцата се здобиле со изгореници од втор степен во пределот на рацете и лицето. Од експлозијата опожарена била и гаражата.

Повредените со возило на итната медицинска помош биле пренесени во медицинскиот центар во Куманово, а пожарот бил изгаснат од противпожарната единица во Куманово.