Дописници Двајца полицајци во Тетово се спречкале поради паркинг-место

Двајца полицајци во Тетово се спречкале поради паркинг-место

Инцидент меѓу двајца колеги полицајци од Тетово се случил вчера, кога се спречкале поради паркирано моторно патничко возило. Според полицијата, двајцата почнале вербално да се расправаат во една од канцелариите во Секторот за внатрешни работи Тетово.

За настанот кој се случил во средата, околу 16 часот, е запознаен началникот на СВР Тетово и како што соопштуваат од полицијата, ако се утврди законска основа за истрага на инцидентот, ќе се преземат соодветни мерки, а ќе биде вклучена и внатрешна контрола на СВР Тетово.

Eден од инволвираните е назначен за помошник началник на тетовската полиција, а другиот бил вработен во внатрешната контрола.

Неофицијално наши извори говорат дека меѓу колегите освен вербална расправија постоела и физичка пресметка, но ниту од СВР – Тетово, ниту од МВР, не сакаат да ја потврдат оваа информација.