Хроника Двајца осуденици уапсени на аеродромот „Александар Велики“

Двајца осуденици уапсени на аеродромот „Александар Велики“

Двајца скопјани вчера попладне околу 14 часот биле уапсени на граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“ бидејќи се барале со судска наредба за издржување затворска казна.

Според полицијата, станува збор за Д.Р. (39) и М.Р. (37), осудени на затворска казна од една година за злоупотреба на лични податоци.

Двајцата веднаш биле спроведени во казнено-поправна установа.