Свет Балкан Дваесет и седум повредени во автобуска несреќа кај Ваљево

Дваесет и седум повредени во автобуска несреќа кај Ваљево

Дваесет и седум лице синоќа се повредени откако автобус се преврте во близина на српскиот град Ваљево, кај местото Ровни.

Како што јавуваат српските медиуми, автобуската несреќа се случила на патниот правец Ваљево – Бајина Башта, но засега не се знае што ја предизвикало.

Портпаролката на општата болница во Ваљево, Кристина Параментиќ, соопшти дека 27 лица биле донесени во болницата, а 14 од нив се задржани болничко лекување. Двајца од задржаните пациенти се наоѓаат на интензивна нега.

Другите повредени по укажаната медицинска помош биле пуштени на домашно лекување.

Сите повредени патници биле планинари од Крагуевац.