Македонија Дваесет и седум годишник нападнал полицајци откако го уапсиле поради пријава за...

Дваесет и седум годишник нападнал полицајци откако го уапсиле поради пријава за семејно насилство

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 28 април во село Подареш, радовишко, полициски службеници од Полициска станица Радовиш го лишиле од слобода Б.И.(27) од с.Подареш, постапувајќи по претходна пријава дека истиот извршил кривично дело „семејно насилство“, по што тој физички ги нападнал полициските службеници.

Подоцна Б.И. бил префрлен во Психијатриска болница Негорци – Гевгелија, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Радовиш.

Денеска, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ изјави дека семејното насилство што не се пријавува е поголемо од евидентираното.