Македонија Два земјотреси синоќа во Македонија

Два земјотреси синоќа во Македонија

Во 18.40 часот, вчера, два земјотреса со слаб интезитет беа почувствувани во Скопје и во северозападниот дел на земјата.
Во разлика од една секунда, со силина од 3,9 и од 4,6 степени според Европската сеизмолошка скала, на територија на Македонија, близу до Тетово или 33 километри западно од Скопје, се почвуствувани земјотреси од кои едниот е во длабочина од 10 километри, додека вториот е на два километри, најверојатно како последница на првиот, и со послаб интезитет.