Македонија Два земјотреси синоќа и утрово во Охридско

Два земјотреси синоќа и утрово во Охридско

Земјотрес со магнитуда од 2,2 степени се случил во 5.53 часот на 9 километри североисточно од Охрид и 4 километри источно од селото Косел. Земјотресот бил на длабочина од 11 километри, вели Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Речиси на истото место, земјотрес се случи и вчера во 21.48 часот, а тој имал сила од 2,7 степени по Рихтеровата скала. Локацијата била речиси иста како на утринскиот, односно на 9 километри североисточно од Охрид и 5 километри источно од селото Косел, но длабочината била 2 километри.