Свет Два нови земјотреси во Еквадор

Два нови земјотреси во Еквадор

Земјотреси со јачина од 6 и од 5,8 степени според Рихтеровата ската утрово повторни го потресоа Еквадор.

Додека нови земјотреси го тресат Еквадор, бројот на загинатите во претходните два се зголеми на 587 лица, а потрагата по преживеаните уште трае.

Американскиот геолошки центар наведува дека земјотресите се случиле на 33 километри северозападно од Бахиа де Каракеза, на длабочина од 10 километри.

Во денешните земјотреси нема загинати, но е издадено предупредување за цунами. Претставниците наведуваат дека продолжува потрагата по преживеани од земјотресот кој во саботата го погоди Еквадор.