Свет Балкан Два нови гранични премини меѓу Србија и Косово

Два нови гранични премини меѓу Србија и Косово

Делегациите на Косово и на Србија, во Брисел договорија отворање на два нови гранични премини меѓу двете држави. Покрај ова, било договорено и да се воспостави царина на граничниот премин Мутиводa.

Во Приштина е соопштено дека двете страни разговарале и за „елиминација на бирократијата од српската страна“ на административните премини, посебно за време на летото кога се „зголемува фрекфренцијата на луѓе на граничните премини поради враќање на луѓе од дијаспората.“

Граничните премини треба да бидат отворени меѓу косовската општина Каменица и Медвеѓе на српската страна, како и меѓу општините Зубин Поток и Нови Пазар.