Свет Два хеликоптери се судрија над Хаваи

Два хеликоптери се судрија над Хаваи

Два воени хеликоптери денеска се судрија во воздух над брегот на Хаваи, јавуваат американските медиуми.

Вкупно 12 патника летале во хеликоптерите, а се судриле на северниот брег на островот Оаху, јавува американската крајбрежна стража.

Спасувачките екипи воочиле оган на површината на морето, каде лебделе и остатоци од хеликоптерите. Во морето имало и празен сплав за спасување. Крајбрежната стража и понатаму трага по преживеани, а помош им пружаат и маринците и пожарникарите од Хонолулу.

Потрагата дополнително е отежната поради големите бранови и силните струи.