Видео Два авиона се судрија над Јадранско Море

Два авиона се судрија над Јадранско Море

Едно лице загина, а едно е повредено при судир на два акробатски авиони едноседи, во близина на италијанскиот брег на Јадранско Море.

Двете летала паднале во вода, при што едниот пилот загинал, а другиот е повреден, соопштија италијанските власти.

Трагедијата се случила над плажа која била преполна, па многумина ја забележале несреќата со своите камери.

Телевизијата „Скај ТГ24“ прикажа снимка на која се гледа како едниот авион удира во другиот, а потоа паѓаат во вода додека посетителите набљудуваат.