Свет Балкан Два авиона принудно слетаа во Букурешт

Два авиона принудно слетаа во Букурешт

Претставници на романскиот аеродром денеска соопштија дека авиони на компаниите „КЛМ“ и „Скандинавијан ерлајнс“ принудно слетале на меѓународниот аеродром во Букурешт.

Летот на компанијата „КЛМ“ од Кувајт до Амстердам слетал рано утринава откако еден од моторите на авионот почнал да испушта поголемо количество бензин.

Авионот на „Скандинавијан ерлајнс“ од Копенхаген до Родос побарал итно слетување затоа што еден од патниците имал проблеми со дишење и висок крвен притисок.

Како што се наведува, никој од другите патници на двата лета не бил повреден.