Македонија ДУИ бара да се повлечат измените на Законот за патни исправи

ДУИ бара да се повлечат измените на Законот за патни исправи

На денешната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, ДУИ побара измените и дополнувањата на Законот за патни исправи на државјаните на Република Македонија да биде повлечен и, исто како и за измените на законите за лична карта и за престојувалиште, гласаше против.

– Имаме големи концептуални разлики. Овој закон ги содржи истите членови како и законите за лична карта и за престојувалиште. Нема потреба во овој момент од ваков предлог-закон, кој создава услови за злоупотреба. Не придонесуваме граѓаните да ја вратат довербата во институциите – изјави Алити.

За измените на законот не гласаше ниту Роза Топузовска-Каревска, која предупреди на можност за злоупотреба.