Македонија ДУИ: Асани не е член на нашата партија и неговото убиство не...

ДУИ: Асани не е член на нашата партија и неговото убиство не е поврзано со тоа во Куманово

ДУИ го осудува последниот инцидент во Струга во кој животот го загуби Аргетим Асани (Артан Муслиу) заменик-директор на УЈП во Струга и истакнува дека тој не е член на ДУИ и дека неговото убиство не може на ниту еден начин да се поврзе со вооружениот инцидент што се случи во Куманово, а во кој животот го загуби командант Шкипоња.

Од ДУИ велат дека Асани не бил член на нивната партија, туку на Нова демократија.

„Нова ТВ“ објави дека Асани со години не плаќал данок и дека неговите фирми должеле десетици милиони денари за неплатени даноци.

Осомничениот за убиството на Асани е приведен во Струга под сомневање дека денеска попладне го извршил убиството. Тој моментално е префрлен во полициската станица во Охрид и во тек е неговиот распит.

Полицијата сè уште не го соопштува идентитетот на осомничениот. Најдено е и оружјето со кое е застрелан Асани. Според првичните информации, приведениот не негирал дека го нападнал Асани, но од полицијата не откриваат кој бил мотивот за убиството.