Видео „Дубиоза колектив“ со поддршка за Автономна зона на УКИМ

„Дубиоза колектив“ со поддршка за Автономна зона на УКИМ

Пред платото на УКИМ  босанската група „Дубиоза колектив“ одржа концерт како поддршка за автономната зона формирана од „Студентски пленум“. Сцената беше влезот на Филолошкиот факултет. По нив настапија „ПМГ колектив“ и „Бернејс Пропаганда“.

Групата „Дубиоза Колектив“ на студентите им посака откако ќе ги добијат своите права и ќе ја прекинат окупацијата, да учат и да имаат многу десетки.