Свет Балкан Државјаните на Србија во странство, до утре треба да се пријават за...

Државјаните на Србија во странство, до утре треба да се пријават за гласање за претседателските избори

Државјаните на Србија кои престојуваат во странство, најдоцна до сабота, 11 март, треба да поднесат барање за да се запишат во единствениот избирачки список за на 2 април да имаат можност да гласаат на претседателските избори, јавува дописничката на „Мета“ од Белград.

Тоа барање се поднесува до амбасадите и до конзулатите на Србија во странство.

Увид во избирачкиот список може да се направи на https://birackispisak.mduls.gov.rs/javniportal

До денеска кандидатури за претседател до Републичката изборна комисија поднеле Александар Вучиќ, Војислав Шешељ, Вук Јеремиќ, Саша Јанковиќ, како и Бошко Обрадовиќ.