Економија Државата се задолжува со нови 30,5 милиони евра

Државата се задолжува со нови 30,5 милиони евра

Државата денеска ќе се задолжи за нови 30,5 милиони евра од домашните кредитори.

На аукцијата, ќе бидат издадени шестмесечни државни записи во вредност од 8,7 милиони евра и 12-месечни записи во висина од 21,8 милиони евра.

Со претходните пет одржани аукции, направен е нето-долг од 56 милиони евра. Во овој момент јавниот долг изнесува 48 отсто од домашниот бруто-производ (БДП).