Економија Државата ќе се задолжи со нови 93 милиони евра

Државата ќе се задолжи со нови 93 милиони евра

Државата ќе се задолжи со 93,2 милиони евра на денешната аукција на државни хартии од вредност.

На аукција на државни записи на шест и на 12 месеци се бараат вкупно 90 милиони евра, а другите се преку 10-годишни државни обврзници.

Следната аукција е закажана за следната недела.