Македонија Државата и политиката да се тргнат од бизнисот, порача Величковски

Државата и политиката да се тргнат од бизнисот, порача Величковски

Претседателот на Либерална партија, Ивон Величковски, заедно со носителот на кандидатската листа во бтората изборна единица, Кире Бузлиев, и со Анкица Трпковска остварија средба со вработените и со менаџментот на фабриката „Ажур“ во скопската општина Ѓорче Петров.

Величковски истакна дека задача на ЛП ќе биде да чуе што е потребно за подобро водење бизнис и што е потребно за државата да се тргне од бизнисот.

– Сакаме да чуеме што е потребно и како да не спречуваме поголем профит, оти поголемиот профит на фирмата значи поголем профит за вработените. Тоа ни е целта – вашите пари да си бидат ваши, да си живеете од профитот и да си го употребувате онака како што сакате – рече Величковски.

Обраќање имаше и Кире Бузлиев, кој вети укинување на радио-дифузната такса, зголемување на породилното отсуство на 18 месеци, драстично намалување на сите казни и укинување на екстерното тестирање.