Економија Државата бара 5,1 милиони евра од домашните кредитори

Државата бара 5,1 милиони евра од домашните кредитори

Државата денеска бара заем од 5,1 милиони евра од домашните кредитори за да се раздолжи утре, кога врз основа на доспеани долгови треба да ја врати истата сума пари.

На аукција на хартии од вредност се продаваат три месечни записи со и без девизна клаузула во вкупна вредност од 3,5 милиони евра и записи со рок на доспевање од една година за 1,62 милиони евра.

Во првите три месеци јавниот долг изнесува 4,3 милијарди евра, што е 45 проценти од домашниот бруто-производ.