Македонија Дрога, оружје, 50 мобилни телефони пронајдени при претрес во затворот „Идризово“

Дрога, оружје, 50 мобилни телефони пронајдени при претрес во затворот „Идризово“

фото: принтскрин од видео на Министерство за внатрешни работи (МВР)

Во претреси во 25 ќелии во затворот „Идризово“, што ја спровеле Одделите за сузбивање на организиран криминал, криминалистичка полиција и специјални полициски операции и СВР Скопје, во координација со надлежен Јавен обвинител, биле пронајдени 50 мобилни телефони, големи количества пари во различни валути, дрога, таблети, 37 ножеви и други остри предмети.

Пронајдените пари биле повеќе од максимално дозволените што осудениците може да ги имаат, а покрај мобилните телефони, ножевите, биле пронајдени и делови од компјутерска галантерија, како и предмети за кои има сомнеж дека се поврзани со кривични дела. Пронајдената дрога во ќелиите била во прашкаста и течна состојба.

Дел од пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, додека останатите предмети се предадени на затворска служба за понатамошна постапка, информира МВР.