Дописници ДПА утре ќе расправа за изборните резултати и за вонредниот конгрес на...

ДПА утре ќе расправа за изборните резултати и за вонредниот конгрес на партијата

Централното собрание на Демократската партија на Албанците (ДПА) утре во проширен состав ќе се состане во салата на Општина Тетово. Официјално од партијата не соопштуваат кои се точките за кои ќе расправа највисокото тело на партијата.

Според извори од ДПА, Централното собрание на утрешниот состанок ќе го разгледува и треба да усвои извештајот од последните вонредни парламентарни избори, одржани на 11 декември.

На собранието ќе се расправа и најверојатно ќе се закаже терминот за вонредниот конгрес на ДПА, на кој партијата треба да избере нов претседател, откако лидерот Мендух Тачи си поднесе оставка по лошиот резултата на предвремените парламентарни избори на 11 декември, на кои ДПА освои само две пратенички места.