Свет Балкан Доскозил: Балканската мигрантска рута мора подобро да се затвори

Доскозил: Балканската мигрантска рута мора подобро да се затвори

Министерот за одбрана на Австрија, Ханс Петер Доскозил, во интервју за германскиот весник „Велт“, вели дека неговата држава, заедно со соседните земји, има намера да ги затвори „дупките“ долж балканската миграциска рута заради заштита на границите. Според Доскозил, балканската рута сè уште не е затворена како што треба.

Балканската рута во најголем дел беше затворена во март минатата година, но Доскозил во интервјуто вели дека сè уште постои значајна активност на шверцерите на луѓе и дека помеѓу 500 и 1.000 мигранти секоја недела ја минуваат границата.

Тој вели дека „ситуацијата може да се влоши во секој момент“, меѓу другото и поради заканите на Турција дека ќе се откаже од договорот со Европската унија за запирање на протекот на мигранти.

Според Доскозил, Австрија планира блиска соработка во изградбата на нова заштита на балканските граници со земјите во регионот.

Македонија и нејзините граници, особено јужната и северната, се дел од балканската мигрантска рута.