Македонија Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Веб апликацијата за самопопишување од странство на пописот во 2021 година.

Бројот на попишани расте секој ден. Оваа прва седмица од најголемата статистичка операција се попишани 32.752 лица од дијаспората, соопшти Државниот завод за статистика, нагласувајќи декасекојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници, коишто можат можат да се самопопишат до 21 април.

Истовремено, проблемот со добивање потврда дека самопопишувањето е успешно завршено е надминат, соопшти оваа институција. 

Државниот завод за статистика секојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници. Проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира. Самопопишувањето за едно лице трае само 10 минути и воопшто не е сложено. Ги охрабруваме и мотивираме иселениците да одвојат кусо време и да се самопопишат“, се вели во соопштението од Државен завод за статистика.