Македонија Донаторска конференција за црквата „Свети Константин и Елена“

Донаторска конференција за црквата „Свети Константин и Елена“

Во хотелот „Александар палас“, денеска ќе се одржи донаторската конференција за изградба на црквата „Свети Константин и Елена“, во организација на Македонската православна црква-ОА и фондацијата „Св. Цар Константин“.

Темелите на црквата беа осветени пред две години на нова локација на улицата Македонија во центарот на Скопје.

Црквата првпат била изградена во 1927 година на плоштадот кај сегашен ГТЦ, но во 1963 земјотресот оштетил дел од неа, а целосно била руинирана во 1970.