Македонија Доналд Туск и Роберт Фицо во посета на Македонија

Доналд Туск и Роберт Фицо во посета на Македонија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во рамките на својата турнеја по балканските земји погодени од мигрантската криза, денеска ќе престојува во Македонија.

За попладне е најавено тој да се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Денеска во Македонија ќе бидат и премиерот на Словачка, Роберт Фицо, и словачкиот министер за внатрешни работи, Роберт Калинак.

Тие, заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ќе го посетат прифатниот центар за мигранти Винојуг.