Економија Домашното бруто-производство на струја учествува со 75,4 проценти во потрошувачката

Домашното бруто-производство на струја учествува со 75,4 проценти во потрошувачката

Во октомври годинава, потрошени се 564.378 мегават-часови електрична енергија, 23.802 милиони кубни метри природен гас, 407.265 тони јаглен и 86.884 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика.

Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 75,4 проценти во домашната бруто-потрошувачка, додека 96,9 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.