Македонија Домашните миленици во викендите ќе може да се шетаат три пати дневно

Домашните миленици во викендите ќе може да се шетаат три пати дневно

Од утре, 8 април, покрај новите термини за граѓаните за полицискиот час, стапуваат во сила и новите, измените термини за шетање на домашните миленици. Според нив, и сопствениците на кучиња ќе можат да ги изнесуваат надвор, од понеделник до петок, навечер, од 20 до 20.30 часот, како и досега. А, за време на викендите, додека трае 24 часовен полициски час за граѓаните, односно во сабота и во недела, дозволено им е да ги изнесат надвор три пати во денот: наутро од 8 до 8.30 часот, попладне од 15 до 15.30 часот и навечер од 20 до 20.30 часот.

Додека трае прошетката, сопствениците треба да бидат оддалечени најмногу 100 метри од објектот во кој живеат и да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат, одлучи Владата на последната седница. Одлуката се однесува за цела територија на државата.