Економија Домашниот бруто-производ со пад од 1,8 отсто во второто тримесечје

Домашниот бруто-производ со пад од 1,8 отсто во второто тримесечје

Домашниот бруто-производ (БДП) има пад од 1,8 отсто во второто тримесечје во однос на првото, објави Државниот завод за статистика.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје има номинален пораст за 6 проценти, а нејзиното учество во структурата на домашниот бруто-производ изнесува 70,7 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги се зголеми за 16 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување од 7,3 проценти.