Свет Балкан Дојави за бомби испразнија неколку објекти во Загреб

Дојави за бомби испразнија неколку објекти во Загреб

Полицијата дојавите ги примила околу 9 и 50 утрово, по што полициски службеници веднаш излегле на терен

Фото: Wikimedia commons/Suradnik13

Неколку дојави за бомби денеска имало во објекти во Загреб. Станува збор за трговскиот центар „Avenue Mall“, во два суда и загрепскиот велесаем. Објектите се евакуирани, а полицијата ги пребарува просториите, пренесе ХРТ.

Полицијата дојавите ги примила околу 9 и 50 утрово, по што полициски службеници веднаш излегле на терен. Вработените и посетителите ги напуштиле објектите.

„Се вклучи противпожарниот аларм, така рекоа на разгласот, но на излезот разбравме дека станува збор за дојава за бомба. Ни рекоа да го напуштиме трговскиот центар и ни рекоа дека проверките би траеле од два до три часа“, изјавила посетителка во „Avenue Mall“.

И кон крајот на минатата година во Загреб имаше дојави за бомби во судови и во трговски центри. За сите се докажа дека се лажни.