Свет Свет Договорот со Иран ги подобрува односите помеѓу САД и Кина

Договорот со Иран ги подобрува односите помеѓу САД и Кина

Договорот постигнат оваа седмица, помеѓу светските сили и Иран за иранската нуклеарна програма, е добар и за унапредување на кинеско-американските односи, рекол министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји во телефонски разговор со неговиот американски колега, Џон Кери.

За постигнување на договорот заслужни се сите страни кои ја искористија историската можност со заеднички напори, му рекол Ванг на Кери, а соопшти министерството за надворешни работи на Кина.

„Кина и САД, со преземање одговорност во зачувување на меѓународниот систем на неширење нуклеарно оружје, ги задржаа добрите контакти во текот на преговарањата и во билатералните односи внесоа позитивна енергија“, се вели во соопштението.

– Во намерата да се постигне целосен договор со Иран, како што е и предвидено, Кина ќе ги задржи тесните односни со сите заинтересирани страни, вклучувајќи ги и САД и ќе продолжи да игра конструктивна улога во тој процес“ -рече Ванг.