Македонија Договорениот пакет закони в понеделник во Собрание

Договорениот пакет закони в понеделник во Собрание

Изборниот законик, законот за влада и законите за приватност и за „свиркачи“ в понеделник ќе бидат на дневен ред во Собранието.

Како што велат од СДСМ, треба уште еднаш да се разгледаат и да се препрочитаат сите регулативи за кои партиите се согласија вчера, па потоа да се дадат во Собрание за пратениците да ги разгледуваат и да ги потврдат.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека законите ќе бидат доставени во најкус можен рок за пратениците веднаш да ги изгласаат.