Македонија Доделени наградите „13 Ноември“

Доделени наградите „13 Ноември“

По повод одбележувањето на 70-годишнината Денот на ослободувањето на Скопје се одржа музичко-сценската изведба „Скопје слободно чекори напред“

Во рамки на свеченоста, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на добитниците на признанието „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2014 година, им ги врачи наградите.

Годинешни добитници на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2014 година се: од областа на науката и здравствената заштита  Илија Велев и Африм Османи, од областа на образованието и на воспитувањето – Ѓулумсев Касапи, од областа на културата и на публицистиката – Симон Беличанец и Стојан Тарапуза, од областа на уметноста – Славица Петровска Галиќ и Дејан Пројковски, од областа на спортот – Бранислав Давитковски и ученици и студенти – Маја Бошковска и Вејчеслав Поповски.

По повод одбележувањето на 70-годишнината од 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, во НУ Македонски народен театар се одржа музичко-сценската изведба „Скопје слободно чекори напред“.