Македонија Дневно поминуваат по 6.000 мигранти низ Македонија

Дневно поминуваат по 6.000 мигранти низ Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, повеќе од 4.000 мигранти  со седум специјални возови биле префрлени од прифатниот камп во Гевгелија до Табановце. Утрово, пак, кон северната граница се упатиле уште два воза со околу 1.000 мигранти, информираат од Железничката станица во Гевгелија.

Според процените на УНХЦР, повеќе од 6.000 мигранти се префрлиле од јужната кон северната граница затоа што вчера биле активирани и автобусите и такси-возилата.