Свет Европа „ДМ“ повлекува бебешки кашички, нема информација дека се увезени во Македонија

„ДМ“ повлекува бебешки кашички, нема информација дека се увезени во Македонија

Германскиот синџир продавници „Дрогери Маркт“ (ДМ) превентивно повлекува од пазарот кашички од јагода, малина и јаболка со нето-тежина 190 грама, наменети за деца постари од четири месеци, чиј рок на траење е до 5 јули 2019 година.

Како што информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), досега нема нотификација дека овие кашички биле увезени во Македонија.

„ДМ“ вчера соопшти дека при контрола на тегличка е утврдено присуство на остатоци од средство за миење што содржи хлор.