Економија Дизелот поскапува за 2 денара

Дизелот поскапува за 2 денара

Фото: Мета.мк

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) донесена вчера, од полноќ дизелот е поскап а 2 денара за литар.

Бензините и екстра-лесното масло за домаќинство не поскапуваат, но цената на мазутот е, како и во случајот со дизелот, крената – за 1,044 денари.

Како причини за поскапувањето, РКЕВУ ги наведува порастот на цените на светските берзи на нафтени деривати, како и на падот на денарот во однос на американскиот долар.

Највисоките дозволени цени на нафтените деривати важечки од полноќ во земјава се:
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 82 денари/литар
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 84 денари/литар
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 86 денари/литар
– Масло за домаќинство – екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) = 81 денари/литар
– Мазут М-1 НС = 56,207 денари/килограм