Економија Дизелот поскапува за 2 денара за литар, останатите деривати остануваат на цените...

Дизелот поскапува за 2 денара за литар, останатите деривати остануваат на цените утврдени вчера

Фото: Порталб.мк, Суад Бајрами

На денешната седница Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) утврди нова, за 2 денара повисока цена на дизелот.

Цените на 95-октанскиот и на 98-октанскиот бензин, како и на екстра-лесното масло за домаќинство и на мазутот остануваат на вчера одредените бројки.

Од полноќ, дизелот ќе се продава по 99,5 денари за литар.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 чини 107 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 чини 109 денари, екстра-лесното масло 95,5 денари за литар, а мазутот се продава за 54,64 денари за килограм.