Економија Дизелот поевтинува за 2,5 денара, бензините за половина денар

Дизелот поевтинува за 2,5 денара, бензините за половина денар

Фото: Мета.мк

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) на Република Северна Македонија донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во однос на одлуката во просек за 1,47 отсто во однос на одлуката од 7 ноември. РКЕВУ вели дека поевтинувањето на горивата се должи на пад на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка, а и со пад на курсот на денарот во однос на американскиот долар за 0,766 отсто.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,5 ден/лит, додека цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,5 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг и сега ќе изнесува 49,189 ден/кг.

Според денешната одлука, од полноќ цените на нафтените дериват ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 93,5 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 96 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 96 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 91 (денари/литар)
Мазут М-1 НС = 49,189 (денари/килограм)