Економија Дизелот од ноќеска ќе поевтини за два и пол денари

Дизелот од ноќеска ќе поевтини за два и пол денари

Еуродизел БС (Д-Е V) од ноќеска ќе се продава за 78 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 77,50 денари за литар

Фото: Мета.мк

Малопродажните цени на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство од ноќеска ќе поевтинат за два и пол денари за литар, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Цената на мазутот ќе изнесува 43,743 денари за килограм, додека останатите цени на нафтените деривати се непроменети.

Еуродизел БС (Д-Е V) од ноќеска ќе се продава за 78 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 77,50 денари за литар.

95-октанскиот бензин ќе продолжи да се продава за 81 денари за литар, додека цената на Еуросупер БС-98 ќе чини 83 денари за литар.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,236 отсто, кај дизелот за 3,669 отсто, кај екстра лесното масло за 4,540 отсто и кај мазутот намалувањето е за 3,128 отсто.