Хроника Диви копачи фатени во Хусамедин-пашина џамија во Штип

Диви копачи фатени во Хусамедин-пашина џамија во Штип

Штипската полиција поднела кривична пријава против З.К. (49), од Штип, кумановецот И.К. (32) и против двајца српски државјани, И.К. (32) и Д.С. (31), откако вчера биле уапсени додека незаконски вршеле археолошки ископувања во Хусамедин-пашина џамија во Штип, објект сопственост на Министерството за култура и дел од културното наследство на државата, информираат од полицијата.

Против четворицата осомничени е поднесена кривична пријава за оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од 30 дена.