Македонија Директорот на ОДИХР го осуди нападот на Собранието

Директорот на ОДИХР го осуди нападот на Собранието

Михаел Георг Линк, директорот на ОДИХР, денеска го осуди синоќешниот напад на пратениците во Собранието и повика на итни мерки за мирно решавање на ситуацијата.

– Повикувам на итен политички дијалог во парламентот за да се обезбеди примена на ненасилни решенија во најкус можен рок – вели Линк.

Нагласувајќи ја виталната важност на Собранието како еден од темелите на демократијата, тој предупреди дека заплашувањето и физичкото насилство немаат место во еден демократски систем.

– Безбедното функционирање на парламентот е клучно за обезбедување конструктивна и разумна дебата меѓу избраните претставници – дебата што е суштински потребна за да се зачува плурализмот и да се реагира на поделбите во општеството – вели Линк.

Тој порача дека ОДИХР е подготвена да им помогне на сите членки на ОБСЕ со секаква помош што е нужна за поддршка на демократските процеси и зацврстување на заложбите на ОБСЕ за поддршка на демократијата и на човековите права.