Забава „Дипан“, добитник на „Златна палма“ на Кански филмски фестивал

„Дипан“, добитник на „Златна палма“ на Кански филмски фестивал

Филмот „Дипан“ на францускиот режисер Жак Одијар е добитник на „Златната палма“ на годинашниот Меѓународен филмски фестивал во Кан.

Филмот говори за тројца граѓани на Шри Ланка, кои се преправаат дека се семејство за да избегаат од земјата зафатена со војна и да се преселат во Франција.

Втората награда, жирито предводено од Итан и Џоел Коен, ја додели на драмата за холокаустот „Сауловиот син“, дебитнатскиот филм на Ласло Немеш.

Третата награда му припадна на филмот „Јастог“ на грчкиот режисер Јоргос Лантимос, во кој играат Колин Фарел, Џесика Барден и Рејчел Вајс.

За најдобар режисер е награден тајванскиот автор Ху Хсиао-хсиен за „Атентатор“.

Наградата за најдобра актерка ја поделија Руни Мара за „Керол“ и Емануел Берко за „Мојот крал“, а за најдобар актер беше прогласен Винсент Линдон за „Мерка на човекот“.