Македонија Димовски: СДСМ се обидува да биде копија на ВМРО-ДПМНЕ

Димовски: СДСМ се обидува да биде копија на ВМРО-ДПМНЕ

„Зад себе СДСМ нема оставено никакви позитивни политики, ниту во областа на работничките права, ниту во образованието, ниту во работата со буџетот на Република Македонија. СДСМ со денешните предлог-закони се обидува да биде копија на ВМРО-ДПМНЕ без никакво покритие и без никаков кредибилитет“, изјави пратеникот Илија Димовски.

– Фактот дека СДСМ долго време не работеше и не доаѓаше на работа се гледа и во начинот како несериозно пристапуваат кон одговорноста што ја имаат во Собранието на Република Македонија. Толку се неискусни и желни за поддршка од граѓаните, која ја немаат, што мислат дека носењето сериозни одлуки е играње маалска игра. Денешните предлози на СДСМ служат само за дневен маркетинг и се без никаква сериозна анализа и можност за реализација. Ние нема да дозволиме Собранието да биде злоупотребено за промоција на неодговорната политика на СДСМ. Тие самите знаат дека граѓаните не ги поддржуваат поради немањето доверба во нив, па сега со вакви неиздржани предлози ќе се обидуваат да привлечат барем мала симпатија  – изјави Димовски.