Македонија Димитров во Скопје со Палмер, Заев во Брисел на проштална вечера кај...

Димитров во Скопје со Палмер, Заев во Брисел на проштална вечера кај Могерини

Izvor na fotografija: Vlada na RSM

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, денеска пристигнува во Скопје на работна посета, соопшти Министерството за надворешни работи.

Палмер ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров, a се очекува да разговараат за билатералните односи меѓу земјава и Соединетите Американски Држави, како и за поддршката од САД за евро-атлантските интеграции, но и за состојбите во регионот.

По средбата со Димитров, Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан ќе се сретне со вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

Премиерот Зоран Заев, пак, денеска ќе биде во работни посети на Рим и Брисел, соопштија од Владата. Во Рим Заев патува по покана на неговиот италијански колета Џузепе Конте.

Од таму Заев ќе оди во Брисел, каде на покана на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, ќе учествува на нејзината проштална работна вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан.