Македонија Димитров утре во Рим на конференција за борба против антисемитизмот

Димитров утре во Рим на конференција за борба против антисемитизмот

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров утре во Рим ќе учествува на меѓународната конференција за одговорност на државите, институциите и поединците во борбата против антисемитизмот во регионот на ОБСЕ, соопштија од МНР.

Конференцијата е организирана во рамките на италијанското претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

„Министерот Димитров ќе има свое излагање на конференцијата во кое ќе се осврне на значењето и улогата на еврејската заедница во Република Македонија и активностите кои ги презема Република Македонија во справувањето со кривичните дела мотивирани од омраза и борбата против антисемитизмот“, стои во соопштението на МНР.