Македонија Димитров – Шаленберг: Позитивната одлука за датумот ќе биде во корист на...

Димитров – Шаленберг: Позитивната одлука за датумот ќе биде во корист на младите генерации

Денеска во официјална посета на државата е сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг.

На средбата во МНР, во фокусот на разговорите беа европските интеграции на  Македонија и очекувањата од претстојниот октомвриски Совет на Европската Унија.

„Позитивната одлука во октомври ќе придонесе не само кон зголемена доверба, кредибилна потврда на европската перспектива, предвидливост и позитивна динамика во регионалните случувања, туку ќе даде и поттик, за продолжување со вложување сили и енергија кон ребрендирање на регионот и неговиот имиџ во корист на младите генерации,” рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров на средбата.

Шаленберг, како што информираат од МНР, ја поздравил посветеноста на Владата за спроведување на реформите неопходни за забрзување на европската интеграција на земјата.

Во рамки на неговата посета предвидени се средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.