Македонија Димитров на средбата со Хелбах и Осовски информирал за идните реформи

Димитров на средбата со Хелбах и Осовски информирал за идните реформи

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска оствари работна средба со ополномоштеникот на Сојузното министерството за надворешни работи на Германија за Југоисточна Европа, Турција и за ЕФТА-државите, Кристиан Хелбах и со ополномоштеникот за ЕУ политики, Томас Осовски, кои престојуваат во работна посета на Република Северна Македонија.

„Министерот Димитров посебно се осврна на веќе оствареното во делот на клучните реформски области – реформата на безбедносните служби, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформите во правосудството и реформата на јавната администрација – како и за она што дополнително е планирано да се испорача во наредниот период“, информираат од МНР.

Хелбах и Осовски изразиле очекување дека Владата ќе продолжи да вложува дополнителни напори за задржување на позитивниот реформски тренд и продлабочување на имплементација на донесените реформи.