Главна секција Димитриевски останува градоначалник на Куманово, извесна победата на Пецаков во Охрид

Димитриевски останува градоначалник на Куманово, извесна победата на Пецаков во Охрид

фото: Фејбук / Кирил Пецаков и Максим Димитриевски

Независниот кандидат и досегашниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, прогласи победа на локалните избори.

Од обработени 57 отсто од гласовите од страна на ДИК, Димитриевски води со над 2.000 гласови пред Оливер Илиевски.

Кандидатот на СДСМ, Илиевски, го призна поразот и му честиташе на својот противкандидат.

„Му честитам на победата и му посакувам успешен мандат“, изјави Илиевски.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Кирил Пецаков, во моментов води пред кандидатот на СДСМ Константин Георгиески и има предност од речиси 3.000 гласови. Неговата победа е извесна со обработени над 70 отсто од гласовите од страна на ДИК.

Пецаков прогласи победа на својот профил на Фејсбук еден час по затворањето на избирачките места.