Главна секција Димитриев: Со поинтензивна комуникација со ДИК, ќе направиме услови за избори во...

Димитриев: Со поинтензивна комуникација со ДИК, ќе направиме услови за избори во април

Убеден сум дека преку поинтензивна комуникација меѓу Владата и Државната изборна комисија ќе направиме услови изборите да можат да се реализираат на 24 април, порача техничкиот премиер за спроведување на изборите, Емил Димитриев, на денешната средба со Државната изборна комисија. Тој рече дека е подобро комуникцијата да се води преку вакви средби затоа што, според него, тоа е најдобра можност да се решаваат проблемите.

„Самата природа на проблемите не е таква да не можат да бидат решени. Верувам во капацитетот на моите соработници, а знам дека и вие сте на линија да направиме максимум за изборите да бидат организирани на еден фер и демократски начин“, рече Димитриев на средбата со претставниците на ДИК.

Димитриев додаде дека има неколку предлози за тоа како да се менаџира овој процес.

„Сега, формално, како Влада задолжена да спроведување на изборите, имаме право комуникацијата со институциите задолжени за организирање на изборите да ја подигнеме на повисоко ниво. Размислувам сите активности со кои Владата може да помогне, да ги ставиме на хартија, како еден документ што може да биде прва претточка на секоја седница на Влада, со што ќе добие динамика“, рече Димитриев.