Македонија Димитриев: Постојниот закон за медиуми е добар

Димитриев: Постојниот закон за медиуми е добар

Потребно е решение за медиумите што ги задоволува потребите на Македонија, соопшти денеска премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, по средбите со трите новинарски и медиумски здруженија и асоцијации.

– Како Влада стоиме на ставот дека постојниот закон за медиуми, кој е работен со помош на Европската унија, е добар, а ако се одлучи дека треба да има нов закон, тогаш предлагаме усвојување на кој било закон од земјите кои се членки на ЕУ – изјави Димитриев, додавајќи дека Владата ги поддржува и иницијативите за изборен кодекс кон кој ќе треба да се придржуваат сите страни за време на изборите.